Насилник нападнал девојка, НЕ СВЕСЕН КОЈА Е, ПА ГО СКРШИЛА ОД ЌОТЕК (ФОТО)

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Насилник нападнал девојка, НЕ СВЕСЕН КОЈА Е, ПА ГО СКРШИЛА ОД ЌОТЕК (ФОТО)

Полската МMA ѕвезда Полијана Вијана доживела непријатност откако била нападната од силеџија на улица. Сепак, тој не бил ни свесен дека цели кон девојка која има скор од 10 победи и само еден пораз во октагонот.

- Му кажав колку му е часот, тој одби да замине ... И тогаш тој почна да зборува за тоа како имал пиштол со себе, да му го дадам телефонот. Почна да ми кажува да не се спротивставувам затоа што е вооружен - се присети таа.

Работите тогаш почнале да се случуваат брзо.

- Кога ја стави раката врз пиштолот, сфатив дека е премногу мек и помислив дека е лажен. Сфатив дека, дури и да беше реално, тој немаше време да го извади затоа што беше премногу блиску до мене - опиша таа

Тој не бил но свесен кого го нападнал

- Станав и веднаш го удрив двапати со раката, а потоа и со едната нога. Тој падна, а јас го прегазив и го фатив околу вратот од позади. Потоа го зедов и го спуштив за да можеме да седиме таму каде што бевме претходно и му реков: „Па, да почекаме сега полиција“.

Тој се правдаше со зборовите „само прашав колку е часот“, но, Полијана Виана тврди тотално поинаку:

- Па, да, секако ... Тој само го велеше тоа затоа што виде колку сум лута. Всушност, после тоа бев сосема во ред. Мислам дека беше исплашен. Дури и кога споменав дека во тој момент ќе повикам полиција, тој рече „Повикај“. И го рече тоа затоа што се плашеше дека ќе го тепам уште повеќе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата