Еден човек од Јапонија нашол најчуден начин досега за тоа како да заработува, нудејќи се себеси за изнајмување.
Шоји Моримото (37) од Токио, бара 10.000 јени или околу 80 евра и покривање на трошоците за пат и храна за да придружува секој што има потреба.
Сепак, тој не прави ништо друго освен што јаде, да пие и одговара на кратки прашања.
Со овој потег, Јапонецот го привлече вниманието на многу следбеници на социјалните мрежи, како и на многу клиенти.
Моримото за прв пат ги понуди неговите услуги во 2018 година.
Се нудам за изнајмување како личност која не направи ништо. Дали ви е тешко да влезете сами во продавница? Дали ви треба играч во вашиот тим? Дали ви треба некој да ве дружи? Не права сè, само лесни работи, напиша тој на Твитер.