Шведска се најде во небрано по промената во групата Г. Селекторот Глен Солберг во изминатиот период се подготвуваа за Чешка, но во последен момент работите се променија. Македонија влезе на Мундијалот како замена за , не е фан на оваа промена, бидејќи неговиот тим целосно беше насочен кон соочување со чешката репрезентација.

Не е тешко да се погоди, најголемата опасност доаѓа од капитенот на Кирил Лазаров, во сите анализи, Швеѓаните се согласни:

„Најголема ѕвезда е Кирил Лазаров. И на 40 години игра висока класа, ако не го сопреме, тој може да постигне десет гола“.

Глен Солберг, предводникот на денешниот прв противник на Македонија не криеше дека не ја посакува Македонија.

„Јас би сакал прв противник да ни беше Чешка, за нив се подготвувавме.  Македонија игра различен ракомет не сме готови со тактиката. Тие играат повеќе офанзивна одбрана од Чешка, така што ќе биде малку поинаква напаѓачка игра за нас. Ние мора да бидеме подготвени колку што можеме. Македонија е тежок противник“.

Дуелот меѓу Македонија и Шведска е закажан со почеток во 20:30 часот.