Босанскиот репрезентативец Џанан Муса по две сезони во Бруклин Нетс ја напушти НБА лигата и се врати во Европа и стави потпис на договор со турскиот Анадолу Ефес. Бруклин пред почетокот на оваа сезона го испратија 21-годишниот играч од БиХ во Детроит но Пистонси го отпуштија, па Муса се врати на европскиот континент и се договори со Ефес за соработка на 2,5 години.

Пред да отиде во НБА Муса наставуваше за Цедевита.

Ефес е водечка екипа во турскиот шампионат со скор 15-0, додека во Евролигата е на 11 позиција со скор 8-9.