Лука Јовиќ е пред заминување од таборот на Реал Мадрид, и враќање во Ајнтрахт Франкфурт. Тој би требало како позајмен фудбалер да се врати во Франкфурт, но чудно е што тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не знае ништо околу овој трансфер.

„Јас не знам ништо околу заминување на Јовиќ. Тој уште е тука. Добар и квалитетен играч, но му треба време да се адаптира. Треба уште многу да учи и да работи“, рече популарниот „Зи-Зу“ пред утрешниот меч во Супер-Купот со Атлетик Билбао.