Овој човек може да изгуби 220 милиони долари во биткоини откако ЈА ЗАБОРАВИ ЛОЗИНКАТА ОД ДИГИТАЛНИОТ ПАРИЧНИК

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Овој човек може да изгуби 220 милиони долари во биткоини откако ЈА ЗАБОРАВИ ЛОЗИНКАТА ОД ДИГИТАЛНИОТ ПАРИЧНИК

Програмер ризикува да изгуби 220 милиони долари во Биткоини, откако ја заборавил лозинката за дигиталниот паричник, пишува „DailyMail“.

Стефан Томас, кој живее во Сан Франциско, вели дека заработил 7,002 Биткоини во раните фази кога се создаваше биткоинот. Но, откако ја изгуби лозинката, вредноста на Биткоинот се искачи претерано многу.

Иако тој е веќе прилично богат од Биткоини што го имал во другите дигитални паричници, тој вели дека има многу луѓе кои останале блокирани на ист начин како него.

Според едно истражување, околу 18,5 милиони Биткоини се блокирани на сметки чии корисници ги заборавиле своите лозинки, што значи дека со сегашната вредност на Биткоин, тие вредат 140 милијарди долари.

Поради драматичниот раст на Биткоинот во последните месеци, системот за враќање на пристапот до дигиталниот паричник кажува дека секој ден добиваат околу 70 барања за да им се помогне да ја вратат нивната лозинка.

Биткоинот користи софтвер кој не дозволува споделување на какви било информации со некој друг, освен со корисникот. Кодот за пристап што е генериран не се споделува со другите ниту за време на трансфер.
Затоа, дури и помагањето за враќање на заборавената лозинка е скоро невозможно, дури и за најсофистицираните инвеститори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата