WHATSAPP воведе нови правила: КОЈ НЕМА ДА СЕ СОГЛАСИ, останува без апликацијата!

12.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
WHATSAPP воведе нови правила: КОЈ НЕМА ДА СЕ СОГЛАСИ, останува без апликацијата!

WhatsApp воведе нови правила кои корисниците практично ги присилуваат на тоа да ги делат податоците со апликацијата Фејсбук. Доколку ова го одбиете, вашиот профил едноставно ќе исчезне! Интересно е дека доколку ги прифатите, тоа ќе значи дека на Фејсбук ќе му овозможите голем број овластувања кои баш не одат со апликацијата за енкриптирана размена на пораки, што е имиџ каков што WhatsApp веќе долго се обидува да одржи. 

Како што се наведува причината за ова делење на податоците е обид да се подобри работата и уште повеќе да се персонализираат и поврзат сите апликации во Фејсбук компанијата. Во сите апликации се рекламира дека така ќе се добијат „подобрени услуги, подобри предлози и реклами скроени по мера“. Но проблемот е што задирањето во приватноста не запира на ова. 

Фејсбук пристапот до вашите податоци ќе им го овозможи и на надворешните компании, вклучително и огласувачите кои ги користат неговите услуги. Така ако вршите каква било интеракција со оласувач или продавница, нивните сопственици ќе добијат увид во вашите податоци. Истото важи и за функциите како гледање видеа вантре во WhatsApp. Ако кликнете на видео, програмата за репродукција ќе му овозможи на изворот пристап до вашата ИП адреса. Работите да бидат уште полоши WhatsApp не дава опција за задржување на приватноста - или ги прифаќате правилата до 8 февруари 2021 или останувате без профил!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата