Додека ние чекаме февруари, АЛБАНИЈА ПОЧНА СО ВАКЦИНАЦИЈА - Во првите Еди Рама (ВИДЕО)

11.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додека ние чекаме февруари, АЛБАНИЈА ПОЧНА СО ВАКЦИНАЦИЈА - Во првите Еди Рама (ВИДЕО)

Албанија денеска започна со вакцинација против коронавирусот. Со цел да се стекне доверба кај граѓаните дека вакцината е безбедна прв се вакцинираше премиерот на земјата, Еди Рама, а заедно со него и и началничката на Инфективната клиника во Тирана, Најада Чомо.

После нив вакцината ја примија и инфектолозите Пелумб Пиперо и Тритан Кало, со што официјално беше означен почетокот на имунизацијата во Албанија.

Вакцината ја добија во една од 60-те кабини кои се поставени во стадионот „ Ер Албанија“ во Тирана,каде ќе се реализира имунизацјата, која почна со количина од 975 дози.

Иако претходно Рама рече дека тие се донација од прјателска земја која не сака јавно да и се каже името, сепак,според медиумите, кажал дека дека овие и уште две илјади дози, кои ќе прстигнат деновиве, се донација од прјателска Австрија.

Во текот на денов ќе бидат вакцинирани 50 здравствени работници по што продолжува во следните денови а се опфатени лекари и медицински сестри од Инфективната клиника или ковид еден болница и „Шефќет Ндроќи“ или ковид два болница.

-Ќе се вакцинирам, можеби преку ред, зашто прво со оваа имунизација планирано е да се опфатат здравственитеработници, но тоа ќе го сторам во знак на сенсибилизација за сите скептици. Секако дека тоа ќе го сторам само за да дадам јасна порака дека не само што е безбедно, туку и е оружје за уништување на овој невидлив непријател,рече претходно рама на прес конференција.

Додаде дека министерката за здравстсво Огерта Манастирлиу како и сите други „ќе чекаат ред, зашто не може да влезат и да го земат она што им припаѓа на лекарите, медицинските сестри, полицајците“.

Вакцинацијата против Ковид-19 во Албанија е бесплатна и се добива на доброволна база. На почетокот на следната недела ќе прстигнат 10.750 дози вакцина договорени со Фајзер. (МИА)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата