Анкета на СИА Виста: За Мицковски 50,6%, за Заев 25,6% позитивно мислење

10.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анкета на СИА Виста: За Мицковски 50,6%, за Заев 25,6% позитивно мислење

Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење.

Од анкетата јасно се гледа дека ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицковски  уживаат поголема доверба кај граѓаните.

Со оценка единица е оценета работата на Владата,  а за антикризната помош поголе дел одговориле дека е пткуп, недоволна или се користи како маркетинг.

Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите кои ќе се објават во два дела се користат за потребите на анализите на институтот.

Еве ги резултатите:

Според анкетата на прашање за која партија би гласале, доколку изборите би се одржале утре, 22,3 % рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 18, 4% рекле дека ќе гласаат за СДСМ, 6,1% за ДУИ, 5,6% за Алијанса, 4,9% за Левица, 2,7% за АЛТЕРНАТИВА и 0,6% за ДПА.

Дури 19, 9% одговориле дека нема да излезат на гласање, додека пак 14% од испитаниците не сакале да одговорат, а 3,5 % не знаеле за кого би гласала.

На прашање Колку имате доверба, поточно како ја оценувате работата на политичарите, испитаниците најмалку доверба имале во Зоран Заев и негативно одговориле 70.1 %.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата