Во ноември 15,933 милиони невработени во Европската Унија

8.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во ноември 15,933 милиони невработени во Европската Унија

Невработеноста во ЕУ и Еврозоната падна за 0,1 процент во ноември во споредба со октомври 2020 година, но сè уште се зголемува во споредба со истиот период во 2019 година, според Заводот за статистика на Европската Унија.

Во ноември 2020 година, стапката на невработеност во Еврозоната беше 8,3 проценти, што е намалување од 8,4 проценти во октомври 2020 година, но исто така е зголемување од 7,4 проценти колку што беше во ноември 2019 година.

Во ЕУ, стапката на невработеност беше 7,5 проценти во ноември 2020 година, што е намалување од 7,6 проценти во октомври 2020 година, но исто така и зголемување во однос на 6,6 проценти колку што беше во ноември 2019 година.

Евростат проценува дека во ноември 2020 година, 15,933 милиони мажи и жени биле невработени во ЕУ, од кои 13,609 милиони во Еврозоната.

Во споредба со октомври 2020 година, бројот на невработени се намали за 222.000 во ЕУ и за 172.000 во Еврозоната.

Во споредба со ноември 2019 година, невработеноста се зголеми за 1,795 милиони во ЕУ и за 1,425 милиони во Еврозоната.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата