Талески: Револтиран сум од плукањето во последно време, но докажав дека знам да играм ракомет

10.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Талески: Револтиран сум од плукањето во последно време, но докажав дека знам да играм ракомет

Левиот бек на Рајн Некар и на репрезентацијата на Македонија, Филип Талески имаше одличен натпревар,  а особено беше одличен во моментите кога беше потребно да се бие од далечина и да даде една ширина во играта во напад.

„Мора да бидеме задоволни од натпреварот и победата. Примивме многу голови, но и постигнавме исто така многу. Во првите 15 минути нашата одбрана беше послаба и Исланд то го користеше. Потоа одбраната 5-1 ја сменивме во 6:0 и тоа ни даде резултат. Ова што победивме овде ни е голем мотив за реваншот во Скопје в недела“, коментираше Талески веднаш после средбата против Исланд.

Тој потврди дека е задоволен што во клучните моменти успеал да постигне неколку важни голови, но кажа и дека е незадоволен од голем број на вљубеници во ракометот.

„Сакам да сум носител во репрезентацијата со помош на нашиот капитен. Сепак, револтиран сум од јавноста во Македонија поради тоа што не плукаше во последно време. Знам дека можам да го правам ова и знам дека знам да играм ракомет и така ќе продолжам и понатаму“, изјави Талески.

Вториот дуел против Исланд се игра во Скопје в недела од 20 часот во салата во СЦ „Борис Трајковски“.

Извор: 24ракомет.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата