Николоски: Пендаровски призна дека можело да се постигне подобар договор!

9.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: Пендаровски призна дека можело да се постигне подобар договор!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на почетокот од вечерашното гостување во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце, говори за кампањата за претседателските избори, но и за референдумот кој е позади нас.

-Само ние како ВМРО-ДПМНЕ знаеме низ каков се притисок поминавме за да го прифатиме договорот од Преспа и да повикаме да се гласа на референдумот. Кога сум почнал да се занимавам политика сум бил свесен дека ќе има вакви работи и затоа сега нема да ги коментирам. Можам само да и честитам на мојата партија и на претседателот Мицкоски што издржавме на притисокот и повикавме да не се излегува на референдум. –рече Николоски.

Николоски потсети дека пред референдумот во едно негово интервју изјави дека е можен далеку подобар договор со Грција.

-Таа изјава беше многу коментирана и скоро сите од власта и од странство рекоа дека не е можен подобар договор. Но, во соочувањето кое го имаа претседателските кандидати на една наша телевизија, Пендаровски се согласи дека подобар договор со Грција е можен. – изјави Николоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата