Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да даде оставка поради неспособност да го реши проблемот со загадениот воздух

24.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да даде оставка поради неспособност да го реши проблемот со загадениот воздух

На неспобноста на власта на СДСМ, Заев и Шилегов и нема крај. Не само што се неспобни да се справат се корона пандемијата, не се способни да се справат и со загадениот воздух, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„ Скопје и понатаму руши рекорди по загадениот воздух, а ниту Шилегов ниту на било кој од власта не му е важно тоа. Скопје се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот. Главниот град е рамо до рамо со градовите во Индија, Пакистан, Индонезија и Кина.

Шилегов да си даде оставка поради неспособност да менаџира со клучниот проблем на Скопје.

Пред само половина час во Ново Лисиче се измерени над 400 ПМ10 честички на метар кубен, а нивото на ПМ10 честички е над дозволено и во останати градови ширум целата држава. На граѓаните име доста од празните флоскули и неработата на оваа неспобна влада. Нивното неработење граѓаните го плаќаат со своето здравје. За ова следи одговорност“ .

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата