Се бара професионален мотач на ЏОИНТ. ОБЕЗБЕДЕНА ДРЖАВНА ПЛАТА, стаж се што следи

8.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се бара професионален мотач на ЏОИНТ. ОБЕЗБЕДЕНА ДРЖАВНА ПЛАТА, стаж се што следи

Ако сте добри во "мотање" џоинт, американската влада можеби сака да разговара со вас. За потребите на истражување, на Националниот институт за злоупотреба на дрога му потребни мотачи, многу мотачи на џоинти.

Останатите барања за работата вклучуваат можност за "анализа и карактеризација на различни злоупотреби на дрога, вклучувајќи и канабиноиди".

Пријавите за истражување се очекуваат во текот на наредните неколку седмици, а конкурсот ќе биде затворен кон средината на мај, но NIDA наведува дека кандидатите ќе мора да ги добијат и потребните лиценци.

Тие имено сакаат искусни поединци со искуство во аналитичка хемија и искуство во производство на цигари.

На листата не се споменува задолжително тестирање на дрога.

NIDA овој оглас го објавува во втор пат. Сличен оглас објавила и минатата година, веројатно со слаб или никаков успех.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата