Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Економијата е во рецесија, а Шилегов вработува 135 партиски војници

22.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Економијата е во рецесија, а Шилегов вработува 135 партиски војници

„Економијата е во рецесија, за 10 месеци 55 илјади луѓе останаа без работа поради корона кризата, а градоначалникот Шилегов вработува 135 партиски војници во градската администрација. Владеачкото мнозинство во Советот на Град Скопје и Петре Шилегов донесе одлука за вработување на 135 нови партиски вработувања на определено време во градот Скопје, за кои советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против“, сооппшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Според нив, меѓу листата на работни места која се отвора е и за дополнителен возач на Шилегов затоа што претходно вработениот е унапреден во раководител на одделение во друѕго градско претпријатие.
Наместо стручна администрација Градот Скопје добива партиска администрација.

„Пред изборите Шилегов и Зоран Заев ветуваа намалување на градската администрација за 20 проценти, а сега дополнително ја превработуваат со нови 135 партиски војници.Градоначалникот Петре Шилегов освен консултант е и главен вработувач на партиски војници. Нема објаснување што ќе работат и каде ќе им се најде простор на овие ново вработени.Кога граѓаните на Скопје се незадоволниза некој нерешен проблем, треба да знаат дека нема пари поради тоа што Шилегов ги дава на партиски вработени.Воедно забеганоста на Шилегов е дотолку поголема што Градот Скопје потроши половина милион евра среде рецесија и корона криза за макети од жирафи, динусароси и користени лампиони“, се вели во соопштението.
 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата