ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Улични кучиња го растргнаа БЕЛАН, белиот паун кој го красеше дворот на храмот Св. Архангел Михаил

21.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Улични кучиња го растргнаа БЕЛАН, белиот паун кој го красеше дворот на храмот Св. Архангел Михаил

„Толку било убавецу наш. Белиот паун кој го красеше дворот на нашиот Храм беше нападнат од улични кучиња и буквално растргнат на парчиња. Нападот најпрвин се случил во дворот на Храмот. Белан бегајки прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња“, стои во Фејсбук објавата на официјалната страница на храмот Свети Архангел Михаил во Автокоманда.

„Нашиот домакин веднаш реагирал, но, за жал, било доцна. Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов. Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на Храмот имаше: зајачиња, шатки, пауни, гулаби, коковчиња, дукатки…и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој Храм, но, за жал, уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајки се што ќе дофатеа со крволочните заби“, пишува уште во објавата.

Толку било убавецу наш. Белиот паун кој го красеше дворот на нашиот Храм беше нападнат од улични кучиња и буквално...

Posted by Храм Свети архангел Михаил-Автокоманда on Sunday, December 20, 2020

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата