Лаптопите можат да се загреат од низа различни причини - дијагностицирањето на проблем не е секогаш исто, што значи дека ќе треба да направите неколку работи пред да откриете кој е проблемот.

Ако сте сопственик на компјутер и одеднаш почувствувате дека се прегрева, а топлината доаѓа од тастатурата, првото нешто што може да ви падне на ум е - нешто е „скршено“. Скоро секој сопственик на лаптоп во одреден момент ќе почувствува дека компјутерот се загрева, пишува Business Insider.

Ако вашиот лаптоп е прегреан цело време, треба да видите зошто се случува ова. Во најлош случај, тој ќе се исклучи доколку вградениот сензор открие превисока температура.

За почетници, избришете го лаптопот внимателно - ако имате пристап до вентилаторот, исчистете го и од прашина. За да го направите ова, користете памучна чистилка за уши или мала рачна правосмукалка. Ако се одлучите за второто, задолжително спуштете го лаптопот надолу за да спречите влегување прашина на други делови од компјутерот.

Најчестите причини

Повеќето лаптопи можат нормално да работат на температура до околу 40 степени Целзиусови, но ако го користите лаптопт ставн на колена или седнати во во кревет, на перница или под постелнината, неговата температура ќе се зголеми. Постелнината и перниците ја задржуваат топлината и може да предизвикаат прегревање на вашиот компјутер ако го ставите на нив за да работи. Исто така, тие имаат прилично незгодна карактеристика на блокирање на излезот за вентилација.

Исклучете ги апликациите кои се големи потрошувачи

Ако забележите дека вентилаторот на вашиот компјутер се вклучува сè почесто, почнете да внимавате при кои паликации тоа најчесто се јавува и размислете за затворање на интензивни апликации. На пример, ако имате Microsoft Excel, Adobe Photoshop и Google Chrome истовремено вклучени или едноставно користите Chrome спо многу отворени табови, предлагаме да исклучувате други апликации додека не ви бидат потребни.

Вклучување на неколку апликации одеднаш го зголемува оптоварувањето на процесорот или графичката картичка, делот од компјутерот што работи со кориснички команди.

Размислете за сервис

Ако вашиот лаптоп се прегрее и примената на наведените методи не помага, исклучете го од струја и размислете да носите компјутер на сервис. Прегревањето може да го оштети компјутерот и сите зачувани податоци во него.