ВАКВА СВАДБА НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: Невестата позитивна на Ковид-19, сепак решиле да се венчаат (ФОТО)

3.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВАКВА СВАДБА НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: Невестата позитивна на Ковид-19, сепак решиле да се венчаат (ФОТО)

Двојка од Калифорнија не дозволи нивната венчавка да биде спречена од ништо, дури ни затоа што невестата била позитивна на Ковид 19.

Лорен Хименез (29) и Патрик Делгадо (27) требало да го кажат судбоносно „да“ на 20 ноември, но неколку дена претходно Лорен добилаа тест дека е позитивна на коронавирусот Тие претходно се обиделе да закажат свадба, но секогаш нешто ги попречувало.

Но, наместо да го откажат својот голем ден по четврти пат, решиле да разменат брачни завети по секоја цена. Тие тоа го сторија во стилот на Ромео и Јулија, на отворено - Лорен беше на прозорот на нејзината спална соба, а Патрик на тротоарот.

Posted by Jesscaste Photography on Sunday, November 22, 2020

Матичарот и фотографот донеле потврди дека се негативни за вирусот корона, како и тетката на невестата, кои презеле обврска да направат лента долга девет метри и да ја украсат со цвеќиња. Лентата беше симбол на единство, љубов и физички допир, бидејќи младенците не можеа да застанат еден покрај друг, ниту да се бакнат кога матичарот рече дека бракот е склучен.

- Пресреќна сум што покрај себе имам партнер кој ќе ме поддржува, ќе ме сака и ќе биде со мене дури и кога е тешко, како што беше случај сега - рекоа младенците.

Posted by Jesscaste Photography on Sunday, November 22, 2020

- Ако заедно ја поминавме 2020 година, јас и Патрик можеме да поминеме низ сè. Драго ми е што денот на нашата венчавка беше единствен и поинаков.

Posted by Jesscaste Photography on Sunday, November 22, 2020

Во меѓувреме, парот се надева дека ќе може да организира голема забава следната година, и засега, со нетрпение го чекаат својот прв венчален бакнеж. Бидејќи невестата е сè уште во карантин ...

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата