Центарот за контрола на болести го прошири списокот - ЕВЕ КОИ СЕ 17-ТЕ СИМПТОМИ НА КОВИД-19

3.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Центарот за контрола на болести го прошири списокот - ЕВЕ КОИ СЕ 17-ТЕ СИМПТОМИ НА КОВИД-19

Американскиот Центар за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) го промени списокот на симптоми на коронавирус, проширувајќи ја листата на дури 17 знаци кои можат да укажуваат на вирусот.

Сега, ова е официјалниот список на симптоми на коронавирус:

1. Замор

Еден од симптомите на коронавирус кој најдолго трае е тешкиот замор. Во изминатите 9 месеци се поголем број луѓе јавуваат екстремна исцрпеност и малаксанот, толку што едвај стануваат од кревет, пренесува стручниот магазин Нејчр.

2. Краток здив

Студијата спроведена на 143 лица отпуштени од римските болници покажува дека 53 отсто од нив пријавиле замор и краток здив меѓу симптомите. Студијата спроведена во Кина покажала дека 25 отсто од зараздените со коронавирус имаат абнормална белодробна функција до 3 месеци.

3. Кашлица

Кашлицата е најчест симптом кој се забележува кај заболените од коронавирус, а кај некои трае од 4 до 5 месеци.

4. Болка во зглобовите

Како и многу други вируси, и коронавирусот може меѓу другото, да манифестира болки во зглобовите.

5. Болка во градите

И ова е еден од симптомите кој се почесто се јавува меѓу заболените.

6. Тешкотии при размислување и концентрација

Припаѓа во невролошките симптоми кои се забележуваат кај ковид пациентите, проследено со главоболка, лош сон и анскиозност.

7. Депресија

Многу ковид пациенти пријавиле депресија предизвикана од заболувањето коронавирус.

8. Болка во мускулите

Неодамнешно истражување на група излечени од коронавирус покажува дека до 60 отсто од нив можат да искусат болки во мускулите како симптом.

9. Главоболка

Заедно со заморот, краткиот здив и кашлицата, овој симптом е еден од најчестите.

10. Температура

Може да се јави и да исчезне. да биде висока или ниска, но во секој случај, температурата е исто така еден од главните показатели на короанвирус.

11. Забрзана работа и силно чукање на срцето

Низ повеќе истражувања се покажало дека коронавирусот влијае врз здравјето на срцето, а некои од симптомите се тахикардија и аритмија.

12-17. Тешки компликации со органите

Овие симптоми се поретки од претходно наведените, но сепак се пријавени. Тоа се:

-воспаление на срцевиот мускул

-намалена функција на белите дробови

-акутни заболувања на бубрезите

-осип на кожата и губење на косата

-проблеми со чувството за вкус и мирис, проблеми со спиењето, тешкотии со помнењето

-депресија, анксиозност, промена на расположението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата