Знаете ли колку трае ИДЕАЛНИОТ С*ЕКС – ЕВЕ ГО ОДГОВОРОТ

2.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Знаете ли колку трае ИДЕАЛНИОТ С*ЕКС – ЕВЕ ГО ОДГОВОРОТ

Колку треба да трае идеалното време за интимни односи - 15 минути или еден час? Дали 5 минути се малку или доволно?

Одговорите на оваа тема ги даваат Џастин Лемилер и Џес Вајлд, експерти за сексуални односи.

- Нема точни правила кога станува збор за тоа колку долго треба да трае. Треба да трае се додека одговара на двете страни - рече Вајлд.

Додаде дека се започнува со бакнување додека не одлучите да застанете, иако многу луѓе го користат зборот секс за да го опишат периодот во кој се случила пенетрацијата.

Додека многу луѓе сонуваат за долги сексуални маратони, за повеќето тешко дека ќе стане реалност.

Сепак, д-р Џастин Лемилер, психолог специјализиран за секс, пишува дека открил несовпаѓање помеѓу тоа колку луѓето сакаат да трае сексот и колку трае всушност.

Тој се повика на една неодамнешна студија која испитувал 152 хетеросексуални канадски парови за нивниот сексуален живот.

Резултатите покажале дека сексот трае околу 8 минути во просек, а предиграта околу 12 минути, но изгледа дека повеќето учесници сакаат нивните сексуални игри да траат подолго.

Жените рекле дека нивниот идеален секс трае 14 минути, а предиграта 19 минути, додека мажите велат дека би сакале да поминат 18 минути на двата дела.

На крајот не грижете се толку често за тоа колку имате секс или колку време поминувате.Фокусирајте се на задоволување на двајцата за време на сексот и да  уживате во него.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата