И Борев и Струга Трим Љум се екипи кои во годинешниот домашен шампионат своите аспирации и амбиции ги остваруваат пред се на домашен терен.
Борец до пред мечот со Вардар тоа успешно го правеше но најтрофејниот наш клуб не би бил тоа што е ако не победи и среде Велес кога му е најтешко.

Затоа сега Борец има за задача денеска од 13:00 часот токму против Струга Т.Љ. да им се врати на победите на свој терен и да го задржи курсот кој врвот на табелата.

„Она што ни се случи во Тетово, против Ренова и поразот од 1:0 со гол примен во последните секунди од мечот, мора да биде поука и да ни покаже како не треба. Самите сме виновни за она што се случи, такви грешки не смеат да се случуваат и тоа на сите ни е јасно. Сега имаме пред себе дуел со уште еден силен тим како што е Струга Трим Љум. Ние мора да пронајдеме сила и капацитет во своите редови и да обезбедиме нови три бода на домашен терен затоа што само така ќе останеме на табелата онаму каде што сакаме, при самиот врв“ – велат играчите на Борец.

Прекините се проблем за Борец

Не може да не се забележи дека голем дел од погодоците кои Борец ги прима сезонава се од прекин. Таков беше токму оној кој велешани го примија на гостувањето кај Струга на почетокот на сезоната кога Ристевски од позиција скратен корнер погоди за водство во клучните моменти од мечот.

Гостите без Нијаз Лена

Тимот на Струга Трим Љум денеска во Велес пристигнува без еден од своите најдобри фудбалери, Нијас Лена. Тој е важна алка во тимот на Сѓран Захариевски но искусниот играч за врска не може денеска да помогне.