Ракоментиот клуб на Вардар се соочува го голем Ковид 19 проблем. По враќањето од Полска, бројката на заразени играчи во таборот на нашиот тим се зголеми на единаесет и тоа е веќе алармантно што се вели.

Вардар најверојатно нема да одигра ниту еден меч до крајот на календарската година, а потврда за тоа треба да даде ЕХФ.

Добра вест е што сите ракометари се чувствуваат добро и немаат силни симптоми.

“Сите 11 ракометари се во добра здравствена состојба. Тоа е најважно”,ни рече Алушовски, кој вели дека чекаат насоки од ЕХФ дали ќе играат до крајот на оваа година.,што пак е тешко изводливо ако се земе дека сите се во 14 дневен карантин“ – изјави за Спортмедиа, тренерот на Вардар Стефче Алушовски.