(Видео) Трамп најави можна кандидатура за изборите во 2024 година

2.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Трамп најави можна кандидатура за изборите во 2024 година

Доналд Трамп, најави можна нова кандидатура за претседател на САД во 2024 година, пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“.

„Поминаа неверојатни четири години. Се обидуваме да имаме уште четири години. Во спротивно, ќе се видиме за четири години“, им рече Трамп на собраните на приемот во Белата куќа.

Снимка од обраќањето на Трамп беше објавена во живо на социјалните мрежи од еден од гостите.

Видеото покажува десетици собрани во салата на Белата куќа. Многумина од нив не носат заштитни маски, со што ги прекршиле упатствата на американската влада издадени заради епидемијата на Ковид-19.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата