Италијанец пешачел 400 километри по расправија со сопругата

2.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанец пешачел 400 километри по расправија со сопругата

Италијанската полиција пресретна маж кој пешачел 400 километри за да си ја расчисти главата по расправија со неговата сопруга.

Мажот бил запрен од полициска патрола рано во понеделникот во близина на Фано, во централна Италија.

Тој бил уморен и преладен, изјави полицискиот службеник Антонио Скванси.

Пред полицијата рекол се скарал со својата сопруга и на 22 ноември го напуштил заедничкиот дом во северната покраина Комо. Прво со возот се упати кон Милано, а потоа започнал да пешачи. Неговата цел била да стигне до Апулија на југот на земјата.

Фано, каде што бил запрен, се наоѓа на 379 километри од централната станица во Милано. Според „Гугл мапс“, ова е патување за кое би биле потребни 79 часа пешачење без запирање.

Полицијата го одвела мажот во хотел и ја повикала неговата сопруга која дошла да го „собере“.

Скванси ги негираше извештаите во медиумите дека полицијата му напишала казна за кршење на националниот полициски час од 22 часот до 5 часот наутро.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата