Реал Мадрид со синоќешниот пораз во Киев против Шахтјор Доњецк, си ја ископлицира ситуацијата околу пласманот во 1/8 финалето во Лигата на шампионите. „Кралевите“ на крајот беа поразени со 2:0, и со седум бодови, им останува фактот дека мора да триумфираат против Борусија Менхегладбах во послендото коло, за да обезбедат пласман во следната фаза.

Реал инаку со примените два гола, сруши негативен рекорд. Никогаш во групната фаза од ЛШ, Реал немаше примено девет голови во првите пет меча, откако ЛШ се игра со групна фаза од 1992/93.

Инаку по мечот тренерот Зинедин Зидан беше прашан дали ќе поднесе оставка, па тој одговори:

„Не, нема да поднесам оставка. Продолжуваме да се бориме“, рече Зидан.