Жестока казна доби шпанскиот тенисер Енрике Лопез Перез поради наместени мечеви.

Откако е утврдено дека учествувал во „наштимани“ натпревари, Перез доби суспензија од осум години.

Шпанскиот тенисер со овие „недозволени методи“ се служел во 2017 година. Во текот на осумгодишната суспензија, Лопез През не смее да игра ниту еден официјален меч, па дури и не смее да присусвува на истите. Згора на тоа е казнет со 25 илјади долари.

Се чини дека со тоа Перез ќе ја заврши кариерата, со оглед дека веќе има 29 години.