Интер остана во игра за осминафиналето по триумфот над Борусија во гости. „Нероаѕурите“ победија со 2:3. По првото полувреме беше 1:1 со головите на Дармијан односно Плеа. Во второто Ромелу Лукаку даде два гола за висока предност на Интер која ја намали Плеа со својот втор гол на мечот. Во финишот на средбата домашните постигнаа уште еден гол за реми (Плеа), но судијата го поништи со помош на ВАР поради офсајд.
Така во оваа група во пресрет на последното коло сите имаат шанси за осминафинале.

Standings provided by SofaScore LiveScore