И во четвртиот настап во ЕХФ Европската лига, Е. Пелистер не успеа да и се израдува на првата победа. На гостувањето во Љубљана вечерва, момците на Жељко Бабиќ загубија убедливо со 28:24, во меч во кој потфрлија во нападот, а одиграа лошо во одбраната во последните 10-тина минути од мечот.

Првото полувреме во Љубљана почна со добра игра во одбраната и на двата тима. До средината на полувремето резултатот беше 4:4, по што дојде до значително подобра игра во нападот, но и попуштање во одбрандбените линии. Резултатот беше во егал (5:5) до 19 минута, по што домашните направија разлика од два гола, која на 4 минути пред одморот веќе прерасна од предност од 4 разлика (12:8).

Со головите на Мандалиниќ, Радовиќ и Велковски, битолчани се вратија за 12:11, но не успеаја да го прекршат текот на првиот дел, откако Тримо успеа во завршницата да дојде до 14:12 со кои замина на пауза.

Вториот дел почна со израмнета битка и наизменична размена на погодоци. Тримо ја задржа предноста од два гола се до последните десетина минути, кога успеа да се одлепи и да направи разлика од 4 гола, 24:20. Е. Пелистер имаше неколку загубени топки и лошо затворање во одбраната, што допринесе за лесни погодоци на Словенците. Потоа следуваше тотален распад во нападот, што домашните знаеја да го искористат и да најават убедлива победа.

Во составот на Е. Пелистер со 5 постигнати гола најефикасен беше Мандалиниќ, додека кај екипата на Тримо со по 5 гола најдобри беа Сакар и Поточник.

Standings provided by SofaScore LiveScore