Најдобриот кошаркар на Милвоки, Јанис Адетокумбо испрати порака во која јасно кажува каде сака да ја продолжи кариерата. Откако деновиве на големо се зборува за неговата иднина, тој вели дека Милвоки е неговиот јасен избор.

Во опција за негов трејд се споменуваа Мајами, па Голден Стејт, а во последно време се споменуваат и Лос Анџелес Лејкерс.

„Ако Леброн, Дејвис или Дурент сакаат да играме заедно, нека дојдат во Милвоки и јас ќе бидам среќен. Не ми е гајле дали сум првиот, вториот или третиот играч во тимот”, порача Адетокумбо.