Пет гола по првите 45 минути на шесте вечерни натпревари во Лигата на шампионите. Данскиот првак Митјиланд поведе против Аталанта во Бергамо со 1:0 со одличниот погодок на Шолц во 13. минута.

Во Менхенгладбах домашната Борусија изедначи на 1:1 против Интер во 45 минута. „Нероаѕурите“ поведоа во 17 минута со првиот гол на Матео Дармијан во дресот на Интер, а изедначи Алесане Плеа.

Атлетико води против Баерн со 1:0 со гол на Жоао Феликс.

На другите средби Ливерпул – Ајакс 0:0, Марсеј-Олимпијакос 0:1 и Порто – Манчестер Сити 0:0.