Ракометарите на Охрид продолжуваат со фантастичните партии во Суперлигата. Во дербито на колото против Тикенс Пролет, охриѓани славеа со 24:19 и ја продолжија серијата со 9 победи во исто толку одиграни натпревари во групата „А“.

По неизвесноста во првиот дел кој заврши со нерешени 11:11, во вториот дел од Охрид ги презема работите во свои раце и успеа да направи предност од 2-3 гола која континуирано ја одржуваше се до завршницата, во која гостите не реализираа неколку напади, а домашните ја искористија предноста и на крајот дојдоа до плус 5 за нов успех против директниот ривал.

Тот со 8 погодоци беше најефикасен кај Охрид, а 5 даде Кривокапиќ. Кај Т. Пролет со 6 гола Палевски беше најдобар реализатор.