ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВА ОД СУМАТА: Колку заработи Тајсон во дуелот на великаните

1.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВА ОД СУМАТА: Колку заработи Тајсон во дуелот на великаните

Дуелот на великаните, кој се одржа во Лос Анџелес, заврши нерешено. Тајсон беше подоминантен во рингот, како што покажа статистиката, но судиите одлучија борбата да заврши без победник.

Единствениот, неповторлив - Мајк Тајсон од оваа борба заработи речиси 10 милиони долари за учество во ревијалниот бокс меч! За осум двеминутни рунди борби со Рој Џонс Јуниор (51), славниот боксер ги доби парите кои Лука Јовиќ ги заработува во Реал за една година, а повеќе од парите кои Лео Меси и Кристијано Роналдо ги заработуваат за еден месец.

Ривалот на Тајсон, Џонс Јуниор, доби три пати помалку пари. Интересно е што „Железниот Мајк“ вети дека ќе ги донира сите пари што ги доби во хуманитарни цели.

- Задоволен сум од овој исход. Среќен сум што се борев и сигурно ќе се повтори, рече Тајсон

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата