Ливерпул никако да се отргне од проблемите. Тренерот Јирген Клоп во последните две – три недели има големи главоболки, речиси цел еден тим му е надвор од погон. А синоќа, барем според поедини новинари на Островот и веста која се уште не е официјално потврдена, голманот Алисон Бекер бил позитивен на последниот тест на Ковид-19. Велиме се уште се чека соопштението на клубот од Енфилд.

Ова ќе биде голем хендикеп за Клоп во пресрет на вечерашниот дуел во Лигата на Шампионите против Ајакс, меч од 5.коло во групата Д. Ова е значаен меч за “редси“ зошто според бодовите тие не смеат да го загубат овој натпревар ако сакаат пласман во 1/8 финалето.

Во случај Алисон навистина да не може вечерва да настапи, тогаш на голот на “редси“ ќе биде Адриан.