'Се сомневаме дека ЗАД РУДНИКОТ ИЛОВИЦА СТОИ БУГАРСКИ КАПИТАЛ од Кајманските острови“

1.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
'Се сомневаме дека ЗАД РУДНИКОТ ИЛОВИЦА СТОИ БУГАРСКИ КАПИТАЛ од Кајманските острови“

Непрофитното граѓанско здружение: "Здрава котлина" чиja што примарна цел е заштита на струмичката котлина од страна на било какви активности и дејствија, кои што директно или индиректно ја загрозуваат флората, фауната и населението на истата, на социјалните мрежи информираат за „матни“ трансакции преку Кајмански Острови на швајцарската компанија - Трафигура која ја купи Еуромакс Ресусрси Македонија и која стана сопственик на Рудникот Иловица - Штука.

-Ете така, наводно швајцарската компанија Трафигура ја купи Еуромакс Ресурси во Македонија преку Кајмански Острови, ама на крај излегува дека ова само да ти бил бугарски капитал на Geotechmin што го има најголемиот рудник за злато и бакар во Бугарија.

Дали акционерите како Тзоло Вутов, Иван Вутов, Станислав Делчев ви личат на швајцарски имиња што се наредени до Варшан Гокул, Патрик Форвард, ЕБРД и други?

И уште нешто, зошто преку Кајмански Острови?

Знаете ли што значи тоа кога наводен швајцарски капитал доаѓа преку Кајмански острови? А дали знаете колку милиони евра е оштетен буџетот на Македонија поради избегнување на плаќање јавна давачка во висина од 7% од вредноста на коцесијата согласно член 49 став 15 што ја регулира промената на сопственичката структура што поединечно или збирно го менува управувачкиот пакет односно има 51% или повеќе од вкупната сопственост на фирмата што ја има концесијата согласно член 49 став 1 и став 14.

Да не зборуваме што побараа довола од комисија за конкуренција, но не побараа никаква дозвола од министерството за економија согласно член 49 од Законот за минерални суровини и членовите 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20 и 21 од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам. Како е можно еднаш да се правни лица како што гледате на сликите, а еднаш да се физички лица како што гледате исто на сликите?

Зарем треба да ги толкуваме законите зависно кој прашува?

Имаме ли ние закони што си ги почитуваме или ова не важи за сите еднакво?

Значи имаме чорба каша од бугарски капитал скриен преку Швајцарска фирма и пренесен преку Кајмански Острови и за што не е платена јавна давачка од 7% без разлика што трансакцијата се случила надвор од Македонија.

Факт е дека променета е контролата на управувачкиот пакет акции еднаш над правните лица и понатаму на физичките лица што е евидентно од фотографиите.

Факт е дека ниту дозвола е побарано па ниту е платена јавната давачка согласно законот.

Факт е дека многу мириса на голема корупција и перење на пари!, стои во нивниот Фејсбук статус.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата