ХОРОР ВО ЛЕСКОВАЦ: Пациент (49) заразен со корона скокнал од прозорец и се обидел да си го пресече вратот

30.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХОРОР ВО ЛЕСКОВАЦ: Пациент (49) заразен со корона скокнал од прозорец и се обидел да си го пресече вратот

49-годишен пациент заразен со корона од околината на Лесковац, кој бил сместен во „Ковид“ болницата во психијатриското одделение во Лесковац, се обидел да изврши самоубиство, пренесува ЈУГпрес.

Тој скокнал од прозорецот на ова одделение, кое тогаш било дел од „Ковид“ болницата , и се обидел да си го пресече вратот со скршено стакло.

За среќа, тој бил спасен од брзата интервенција на персоналот во Ургентниот центар.

Според „Пинк“, тој бил вратен на психијатрискиот оддел.

Мотивот за неговата постапка е непознат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата