Тоа е магијата на ФА Купот, најстарото фудбалско натпреварување во Англија. Па така на денешната ждрепка аматерската екипа на Марине, која се натпреварува во осмата лига по ранг во Англија, за ривал во 3.коло го доби славниот Тотенхем. Откако дознаа дека ќе играат против Кејн, Сон, Бејл и пред се против Мурињо, имаше големо славје во клупските простории на Марине.

Да споменеме дека нивниот голман Бејли Пасан, стана славен во медиумите зошто по триумфот на неговата екипа во минатата рунда, отишол во блиската продавница и на своите соиграчи им купил пијалоци да ја прослават победата.