Тешки денови следат за тимот на Џенова на чело со нашиот Горан Пандев. Очигледно дека овој тим и сезонава во Серија А, ќе игра улога на давеник односно ќе се бори грчевито за опстанок до последното коло.
Предмалку, Џенова загуби на домашен терен од Парма, сосема просечен тим сезонава со конечни 1:2, во дуел во кој гостите по првите 45. минути имаа водство од 1:2 со головите на Жервињо.

На стартот на вториот дел Шонуродов намали на 1:2, а во седумдесеттата минута влезе од клупата да помогне и Пандев. Сепак, ниту најдобриот фудбалер на Џенова не можеше да спаси ништо на овој меч иако во последните моменти Пандев имаше ситуација за гол но не успеа да погоди.

Џенова со овој пораз е претпоследна со пет бода, додека пак Парма се искачи некое место погоре со девет освоени поени.