Марадона веќе го нема меѓу нас, цел свет тагува по фудбалското божество. И познати и непознати сакаат нешто да кажат за веројатно најдобриот фудбалер во историјата. Вечна тема е споредбата меѓу Диего и Пеле, а некои пак се обидуваат Меси да го споредат со својт сонародник, кој за разлика од Лео на Аргентина и ја донесе светската титула.

Легендарниот португалски тренер, Жорж Жезус, има свој коментар на оваа тема.

Марадона беше врвен играч, за разлика од многу други, тој ја имаше таа страст кон фудбалот. Беше роден фудбалер, не беше продукт на некоја си сериозна работа. Таков беше роден. Нешто слично, но во помала мерка го има кај Кристиано Роналдо, но не и кај Меси. Таа страст не ја гледам кај Лео Меси. Не сакам да бидам погрешно сфатен. Не дека Меси нема никаква страст, тој е супер фудбалер, сепак поента е како таа страст се манифестира на теренот“ изјави Жезус.