Кипарскиот шампионат денеска го имаше своето дванаесетто коло во кое се сретнаа екипите на Етникос Ахна и АЕК Ларнака. Мечот заврши 0:3, а интересно за нас е тоа што на овој меч настапија дури четворица напи интернационалци.

За домашните стартуваше Мартин Богатинов на голот, додека Јован Костовски влезе во текот на мечот, додека пак на спротивната страна Даниел Мојсов односно Стефан Спировски исто така се најдоа во првите едиинаесет на АЕК. Иван Тричковски не беше во составот на гостите.