Пранав Лал, пред неколку години, за време на одмор на Исланд, иако слеп, успеал да ја „види“ поларната светлина.
Имено, иако е роден без сетило за вид, со помош на технологијата „The vOICe“, која ги претвора сликите во звуци, тој може повторно да гледа. Имено, камерата скенира одлево надесно, а звуците ја „опишуваат“ големината на предметите, па можно е субјектот што го користи ова да формира функционална визија.
Технологијата беше патентирана од холандскиот инженер Петеј Мејер во 80-тите години на минатиот век, но „The vOICe“ еволуираше многу. Лал користи очила на кои е прикачена камерата, така што она што ќе го види преку софтверот, може да го фотографира, па сликите на овој слеп фотограф станаа многу популарни.
Исто така, преку веб-страницата на Мејер „seeng with sound“, тој може да прегледува слики од вселената преку лаптоп или Андроид апликација.
Најголемиот предизвик за мене беше да научам да ги толкувам тие звуци во слики. За мене, не станува збор само за фотографија, туку и за истражување на околината. Кога патувам, сега можам да бидам вистински турист - вели Лал.
Според Си-ен-ен, фотографиите на Лал се споделуваат на социјалните мрежи, а тој вели дека на своите патувања се запознал со други фотографи.
- Мојата работа вклучува светлина, сенка и форми. Она што го открив е дека фотографи кои можат да гледаат исто така работат со бои. Исто така, кога ќе дојдете на изложбата, секоја фотографија има опис. Се чини дека на луѓето со вид им е потребен и контекст за да ја ценат фотографијата, во некои случаи - објасни овој слеп фотограф.