Луѓе плаќаат 100 долари за ова кафе, ИАКО ЗНААТ ОД КАДЕ ДОАЃА

30.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луѓе плаќаат 100 долари за ова кафе, ИАКО ЗНААТ ОД КАДЕ ДОАЃА

Кафето е омилен пијалок за многумина и тие се подготвени да платат добро за да уживаат во неговата арома и вкус. Сепак, би дале ли точно 100 долари за шолја кафе?

Можеби не сте знаеле, но Копи Лувак е најскапото кафе во светот. Главниот фактор на неговата висока цена е необичниот начин на производство. Имено, тoa е направенo од зрна кафе што поминуваат низ дигестивниот систем на животно од Индонезија, слично на мачка, а се нарекува цивет.

Затоа ова кафе се нарекува и „измет од мачки“. Со текот на времето, тој се собира, преработува и се претвора во кафе, што подоцна кафулињата ви го наплаќаат скапо: од 35 до 100 долари за шолја. Од друга страна, во САД, „обичното“ кафе се наплаќа од 2 до 5 долари, како и низ целиот свет.

Значи, ако ги земеме двете највисоки цени, тоа значи дека Копи лувак е 20 пати поскапо од „обичното кафе“

Она што исто така влијае на цената е масовната побарувачка што доведува до недостаток, потоа различни вкусови, необичен начин на производство. Ако, пак, одлучите да купите пакет кафе за домашна употреба, половина килограм чини од 100 до 600 долари, во споредба со „обичното кафе“, чија цена е од 3 до 10 долари за 500 грама.

Доколку го консумирате ова автентично кафе, препорачливо е да не додавате шеќер, млеко или шлаг, бидејќи нема да можете да го почувствувате неговиот вистински вкус. Исто така, внимавајте што купувате, бидејќи има многу измами на Интернет. Покрај тоа, околу 70% од кафето кои се продава како такво не е 100% автентично.

Во југоисточна Азија, овие зрна се сметаат за „златни“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата