Почина баабичката на која СОПРУГОТ И СВИРЕШЕ СЕРЕНАДА ПОД БОЛНИЧКИОТ ПРОЗОРЕЦ (видео)

29.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина баабичката на која СОПРУГОТ И СВИРЕШЕ СЕРЕНАДА ПОД БОЛНИЧКИОТ ПРОЗОРЕЦ (видео)

Светот го разнежи видеото на кое дедо свиреше хармоника на неговата сопруга под прозорецот на болницата, а оваа приказна доби тажен крај ...

Пред неколку дена, видеото со старецот Стефано Бочини (81) од Италија го обиколи целиот свет, откако го снимија како свири на хармоника под прозорецот на сопругата Карла.

Жената со која беше во брак 47 години беше примена во болница, а тој не можеше да ја посети поради строгите правила што важат заради пандемијата. Затоа решил да и соопшти на сопругата дека е со неа, дека ја поддржува и сака, па седна под прозорецот на болницата и свиреше за неа.

Оваа сцена се рашири како пожар на социјалните мрежи и ги собра сите пофалби и ја врати вербата на многумина за вистинска љубов, која трае со години.

Но, за жал, оваа приказна доби тажен крај. Неговата сопруга Карла беше пуштена од болницата пред неколку дена, но после тоа почина во својот дом.

Градоначалничката на Пјаченца, Патриша Барбиери по тој повод рече дека коронавирусот ја прекинал нивната прегратка.

- Во таа серенада ја препознавме љубовта, во едноставноста и непосредноста на нејзиниот универзален јазик - напиша таа на Фејсбук.

Ha fatto il giro del mondo, la storia dell'alpino Stefano Bozzini e di sua moglie Carla: in quella serenata sotto le...

Posted by Patrizia Barbieri on Thursday, November 26, 2020

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата