Цел Крагуевац ја бараше како исчезната – ТАА ЗАМИНАЛА ЗА ДА ОДМОРИ ОД СЕ

29.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цел Крагуевац ја бараше како исчезната – ТАА ЗАМИНАЛА ЗА ДА ОДМОРИ ОД СЕ

Исчезнатата девојка Татјана Синѓелиќ (32) од населбата Петровац во Крагуевац беше пронајдена жива и здрава.

Полицијата во Крагуевац во успешна акција ја пронашла Татјана, која, како што рече, „само сакала да одмори од сè и затоа не побарала никого“, дознава исклучиво ucentar.rs.

Татјана исчезна пред четири дена во раните утрински часови и оттогаш се изгуби секаква трага. Носела фармерки, црни патики, зимска јакна и бургунд џемпер.

Личните документи, паричникот и телефонот ги оставила дома,  зела ранец, ќебе и си заминала. Семејството веднаш пријавило дека е исчезната, а по три дена беше најдена во текот на вчерашниот ден.

Во обемна акција, полицијата во Крагуевац влегла во трага на девојчето кое не било далеку од Крагуевац.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата