Ништо во првиот дел не ветуваше дека Манчестер Јунајтед ќе се врати од таа негатива против Саутемптон. Домашните имаа водство од 2:0, згора на тоа Де Геа остана во соблекувалната поради повреда.

Меѓутоа во вториот дел избраниците на Оле Гунар Солскјер се вратија од „мртвите“ и на крајот победија. Проработе врската Фернандеш – Кавани. Првиот пат Кавани до Фернандеш за 1:2, а потоа обратно, Фернандеш до Кавани за 2:2. Сепак, во финишот Уругваецот Кавани успеа со глава да постигне гол за победа.