Тимот на Борнмут со сите сили се обидува да се врати во Премиер лигата, и засега резултатите одато во тој правец. Клубот е на самиот врв на Чемпионшип дивизијата, екипата игра добро. На чело со искусниот Асмир Беговиќ на голот, играчите во корелација со управата на почетокот на сезоната, колективно се согласија примањата односно платите да им бидат скратени со оглед на ситуацијата. Сите без збор прифатија, но она што се случи вчера ги разлути очигледно не само фудбалерите туку и навивачите кои „распукаа“ по социјалните мрежи.

Имено, сопругата на извршниот директор Нил Блејк, Алесија, вчера објави слика со која се пофали со нов автомобил марка Бентли кој чини 150 илјади фунти, и кои бил подарок од сопругот. Ова секако дека не спаѓа во политиката на штедење во моментов на клубот, и сите се гневни поради тоа. Дали ќе има оставка, извинување или пак нешто трето останува да видиме.