Македонија ЃП и Шкупи одиграа цврст, интересен, динамичен меч. Имаше од се по нешто, но немаше само голови. И тоа благодарение на промашувањата на Дарбо кај гостите и посебно на Калид кај домашните. И двете екипи може да жалат зошто ова беше шанса, со победа да избијат на чело на табелата, пред Шкендија.

На крајот понезадоволни беа чаирчани кои реагираа кај судијата Марјан Маркоски сметајќи дека биле оштетени за недосуден пенал. Реално можеби со право зошто во таа 50.минута имаше играње со рака на домашен фудбалер во својот шеснаесетник.