Вечерва (19:45 часот), македонскиот футсал првак, тимот на Шкупи, ќе го одигра претквалификацискиот меч во Лигата на Шампионите. Ривал е составот на Блу Меџик Даблин, тоа футсал шампионот на Р. Ирска. Натпреварот се игра во салата “Борис Трајковски“ во Скопје, и ќе се игра само еден натпревар. Кој ќе победи тој ќе оди во главните квалификации, поточно тој ќе се најде меѓу најдобрите 32 футсал екипи на Стариот континент.

Нашите момци предводени од тренерот Зоран Лекиќ се подготвени да одиграат добар натревар. Полни со самодоверба посакуваат да ги израдуваат своите верни фанови, иако ќе се игра пред празни трибини од познати причини. Добрите познавачи на овој спорт велат дека се зависи од Шкупи. Ако нашиот првак одигра како што знае тогаш би требало да победи. Шкупи е фаворит, но не смее да се потцени, никако, најдобриот тим во Р. Ирска.