Барселона со 4:0 ја совлада Осасуна, но во центарот на вниманието беше Лионел Меси кој го прослави голот во чест на Марадона. Меси го постигна четвртиот гол, а потоа облече дрес Њуел’с Олд Бојс со десетката на грбот, и го славеше голот.

Претходно головите ги постигнаа Братвајт, Гризман и Кутињо. На почетокот, сосема очекувано, имаше минута молчење во чест на легендарниот Аргентинец.