Беласица – Работнички 2:2 (1:2)

Стадион Благој Истатов во Струмица

Без гледачи

Главен судија: Јосип Бартон (Скопје) Помошници: Слаѓан МАркоски (Гостивар) Иса Емрули (Шемшово)

Стрелци: Размоски 18‘, Каланоски 58‘ (Б) Ѓурѓевиќ 26‘ (п) Шаркоски 35‘ (Р)

Ж.картони:Митев, Митевски, Каланоски (Б) Ѓурѓевиќ, Зука (Р)

Играч на натпревар: Антонио Каланоски (Б)

Беласица: Ѓоргиев, Коцев (Михаилов 79‘), Размоски, Сулев, Калпачки, Митевски, Ивановски (Истатов 69‘), Серафимовски, Стојков, Каланоски, Да Силва

Работнички: Јанков, Зука, Ѓорѓевиќ (Чумиќ 90‘), Ѓурѓевиќ, Тодоровски (Стојковски 64‘), Стојков, Пецов, Тошески (Муарем 71‘), Шаркоски (Петковски 64‘), Станковски (Максимов 90‘), Трајковиќ

 

Дека некој прерано ја отпиша Беласица од прва лига тоа дефинитивно е така. Дека Струмичани сеуште се последни се, но и дека почнаа да собираат бодови во серија исто така е точно, па избраниците на Шефки Арифовски како тргнаа можеби на крајот од есенскиот дел од шампионат и нема да бидат последни.

Денеска на домашен терен ремизираа против Работнички со конечен резултат 2:2, во дуел во кој имаше доста борба, четири гола и рамноправна поделба на бодовите. Најпрво Беласица водеше па беше во негатива за да на крајот преку пенал успее да изрзамни и да истрае до крај да не загуби.

Размоски за радост на домашните

Мечот во Струмциа денеска започна онака како што домаќинот Беласица посака. По ударот од далечина ма Да Силва кој Јанков го одбрани следуваше погодокот за водство на домашните. Размоски од лево пријде кон средината и со десна нога одлично заби во горен голманов агол.

Работнички со пресврт уште на полувреме

Потоа следуваше освестување на гостите што се вели откако видоа дека се во негатива и дека имаат проблем. Добра акција од лево, за Тодоровски кој влезе во шеснаесетникот, фаулиран од домашните дефанзивци, и досуден е пенал. Сигурен реализатор Фахрудин Ѓурѓевиќ во 26. минута.

Десетина минута подоцна, прекрасна топка на Лука Станковски од средината на теренот, за Шаркоски. Истата само ја „чепка“ еден од дефанзивците на Беласица, само за да уште полесно му биде на Шаркоски од прва да го префрли излезениот Ѓоргиев и да пласира во мрежата на домашните.

Каланоски ги враќа домашните во живот

Во 58. минута од мечот Каланоски беше фаулиран во шеснаесетникот во дуелот со Трајковиќ односно Станковски, а судијата Бартон уште еднаш на овој меч покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше токму Каланоски. До крајот на мечот гостите беа тие кои реално го креираа темпото, беа повеќе во противничкиот шеснаесетик, но освен ситуацијата на Петковски и не создадоа нешто стопроцентно по кое може да жалат.