Изгубил контрола над автомобилот и НАПРАВИЛ КАРАМБОЛ НА ПАРКИНГ ВО АЕРОДРОМ (ФОТО)

28.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изгубил контрола над автомобилот и НАПРАВИЛ КАРАМБОЛ НА ПАРКИНГ ВО АЕРОДРОМ (ФОТО)

Верижен судир се случи попладнево во Аеродром, објави Курир.

Според порталот еден автомобил се движел со голема брзина, по што се судрил со друго возило. Од силината на ударот, автомобилот се залета кон паркингот каде буквално распарчи возила.

Возачот на овој автомобил во моментот не е на местото на настанот, па се претпоставува дека избегал иако возилото го оставил на местото каде направи карамбол.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата